МИЛА НИКОЛОВСКА
“Sun-Kissed”
Лимитирана колекција
Здраво, Ова е мојата колекција “Sun-Kissed”, инспирирана од летото и мојата желба да донесам топлина во вашето срце, вашиот дом и градина.
Јас сум Мила Николовска, 25-годишна графичка дизајнерка со талент за креативност, самоувереност и независност, победничка на предизвикот за Патерн за Лотус. Овој проект е одлична можност да ги покажам моите дизајнерски вештини и со ваша помош да заработам од нив.
Секој патерн е моја авторска креација, изработена со внимание и малку уметничка магија. Производите се изработени од премиум квалитетен текстил и сублимација на бои, што ви нуди најдобро квалитет.
Моите дизајни ќе бидат изложени овде, каде можете да ги разгледате и купите, јас заработувам до 20% од секоја продажба, што значи дека секоја купена ставка ја поддржува мојата следна креативна идеја. Јас се надевам дека ќе уживате во нив толку колку што уживав јас во нивното создавање!
МАРИЈА ТРАЈКОВСКА
“ИНДИГО”
Лимитирана колекција
Mојата колекција “Индиго”, инспирирана од магијата на природата, растението Индиго и нејзините динамични форми.
Јас сум Марија Трајковска, 25-годишна графичка дизајнерка која се стреми кон совршенство преку креативност и иновативност, победничка на предизвикот за Патерн за Лотус. Овој проект е можност да ги споделам моите уникатни дизајни и да заработам од вашата поддршка.
Овие патерни се внимателно изработени, комбинирајќи премиум квалитетен текстил и сублимација на бои за да ви понуди најдобар можен производ водоотпорен и УВ заштитен за надворешна употреба.
Моите дизајни се достапни овде за купување, и јас добивам до 20% од секоја продажба. Вашата поддршка ми овозможува да продолжам да создавам и да ги споделувам моите креативни идеи.
Се надевам дека ќе уживате во нив исто колку што уживав јас во нивното создавање!