Политики и услови за користење


Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на Лотус Генерација Дооел и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Лотус Генерација Дооел ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Лотус Генерација дооел ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Лотус Генерација дооел не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Лотус Генерација Дооел ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Лотус Генерација дооел за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани од Лотус или од Брза Пратка на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

Лотус Генерација Дооел ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Лотус го задржува правото да откажеме нарачка и продажбата, односно поништување на делото од цел на нарачка, со писмено обавестување од купувачот, во следниве случаеви:

– кога нарачаниот производ престанал да се произведува или да се продава;

– кога би дошло до значајни промени на условите за набавка;

– кога цената е очигледно занчително пониска;

Во случај на откажување од продажба настојуваме во договорот со купецот да пронајдеме оптимално реженије за производи кои неможеме да ги произведем, а во случај на невозможни испораки на дел или на цела нарачка, ќе се изврши враќање на уплатените средства, во склад со законот.

5. ПОЛИТИКА ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Секој производ може да биде рекламиран во рок од 24 часа на hello@lotusloungechair.com, со порака за причината за враќање. Производот што се враќа треба да биде неоштетен и во оргинално пакување, со пропратен документ: товарница, сметка или фактура. Трошоците за достава назад, паѓаат на товар на купецот, повраток на средствата се вршат на жиро сметка која дополнително треба да ја испрати купецот.