.

ИДЕЈА

Lotus Lounge Chair е сoздаден да ги охрабрува

Вечно младите, Сонувачите, Авантуристите и Децата, да не престанат да играат, да мечтата, да останат разгалени и секогаш љубопитни, да ја исполнат својата околина со радост, идеи и љубов!.

Нашите производи не се само убави, тие се функционални, разновидни и нудат различни можности во нивната употреба и толкување. Преку нашите дизајни, создаваме пријатна и инспиративна средина за растење на децата, како и безбеден дом. Да не заборавиме дека децата, се идните креатори на нашето заедничко утре и ние сме должни да создадеме средина која се развива, со атрактивен дизајн, добар квалитет и фер производ.

Lotus Lounge Chair ја поддржува креативноста, сонот и играта и веруваме дека може да мотивира нешто повеќе во животот преку балансот на живите бои, едноставната геометрија и магичните можности.

ДИЗАЈН

Анита Гај е основач и дизајнер на Lotus Lounge Chair, како и еден од пионерите во графичкиот и индустрискиот дизајн во Македонија. Во исто време, Lotus Lounge Chair е еден од првите во нашата земја што самостојно изгради сопствен бренд на флексибилни лаунџ столиц (beanbag), стварувајќи го сонот од детството и инспирирана од скандинавскиот дизајн, го основа Лотус во 2008 година, создавајќи прочистен дизајн каде самата форма е функционална, разиграна и одржлива.

Како дизајнер често сум инспирирана од Децата, развивам производи што носат Магија, Радост и Љубов со повеќе карактеристики и флексибилност, производи за гушкање и играње што ќе го омекнат срцето на секој возрасен, и пред се производи за секојдневна употреба.

Силно верувам во вечното детство, играта и сонот, и ќе продолжам да создавам производи што ги инспирираат децата и возрасните да бидат креативни и разиграни, да ги проширам хоризонтите и да поттикнам разбирање и емпатија.“ Анита Г.

НАШИ КЛИЕНТИ