Brand Colaboration
Ова е мојата колекција “Sun-Kissed”, инспирирана од летото и мојата желба да донесам топлина во вашето срце, вашиот дом и градина.
Јас сум Мила Николовска, 25-годишна графичка дизајнерка со талент за креативност, самоувереност и независност, победничка на предизвикот за Патерн за Лотус. Овој проект е одлична можност да ги покажам моите дизајнерски вештини и со ваша помош да заработам од нив.
Секој патерн е моја авторска креација, изработена со внимание и малку уметничка магија. Производите се изработени од премиум квалитетен текстил и сублимација на бои, што ви нуди најдобро квалитет.
Моите дизајни ќе бидат изложени овде, каде можете да ги разгледате и купите, јас заработувам до 20% од секоја продажба, што значи дека секоја купена ставка ја поддржува мојата следна креативна идеја. Јас се надевам дека ќе уживате во нив толку колку што уживав јас во нивното создавање!