Конвертабилен лаунџер – еден производ, две удобни функции Практичен лаунџер кој лесно се трансформира од удобна лежалка во
двосед. Благодарение на флексибилното полнење и подвижната перница, можеш да го прилагодиш според моментот – за релаксација, седење, читање или дружење.
Начини на користење- Лаунџер – за лежење и целосна релаксација само со промена на перницата
- Двосед – за удобно седење и дружење
Големина- Душек: 120 × 80 × 30 см
- Перница: 80 × 50 × 25 см
- Перницата може да се конвертира и да се користи за различна конфигурација на лаунџерот или двоседот.
Изработка и материјали Надворешната навлака е изработена од практичен текстил погоден за
надворешна употреба, лесен за чистење и достапен во
20 бои. Опремен е со патент за полесно одржување и чистење.
Одржување- Чистење со влажна крпа, четка или правосмукалка
- Рачно или машинско перење до 40°C
- Да не се суши во машина
Внатрешна навлака Внатрешна навлака со
40 см патент, практична за дополнување и одржување на полнењето.
Полнење Комбинацијата на EPS перли и PU пена овозможува меко, удобно и прилагодливо седење и лежење.